Челси се блиску до договор со Наполи за трансферот на сенегалскиот дефанзивец, Калиду Кулибали, тврди британскиот „Атлетик“. 31-годишниот дефанзивец ќе ги чини „сините“ околу 40 милиони евра, бидејќи тој влегува во последната година од неговиот договор, откако Наполи постојано ги одбиваа предлозите за негов трансфер.
На Челси им е потребно засилување во одбраната по заминувањето на Антонио Ридигер (Реал Мадрид) и Андреас Кристенсен (Барселона) како слободни играчи, и исто така се верува дека се заинтересирани и за Преснел Кимпембе, Нејтан Аке и Жил Кунде.
Кулибали ја почна кариерата во Мец, Франција, пред во 2012 година да се пресели во Генк и две години подоцна во Наполи, каде што стана главен човек во одбраната на „партенопеи“. Тој со Сенегал ја освои титулата од Африканскиот куп на нации.