Челси се пред потпис со крилото на Кристал палас, Мајкл Олисе за 39 милиони фунти, тврди францускиот „РМЦ спорт“. Фудбалерот од средниот ред, кој се повреди на ЕП до 21 година со Англија, е подготвен да се пресели на „Стемфорд Бриџ“.
Според Фабрицио Романо и Манчестер сити се заинтересирани за Олисе, кој постигна два гола и имаше 11 асистенции во 37 меча во Премиерлигата минатата сезона, но нив ги мачи скинатиот бутен мускул, поради што тој нема да биде достапен на стартот на сезоната.
21-годишниот Олисе, интересно почна со фудбалот во Арсенал, но дури седум години беше токму во јуниорската академија на Челси, пред својот прв професионален договор да го потпише со Рединг во 2019 година.