Top Sport

Челси се откажа од Иско – неделна плата од 250.000 фунти не била доволна

Челси се подготвени да се откажат од планот да го донесат незадоволниот Иско од Реал Мадрид во јануари, бидејќи иако се подготвени да дадат 75 милиони за фудбалерот  од средниот ред, неговите „нереални“ барања за висока плата значат крај на преговорите.

Според „Дејли мирор“, агентите на Иско во последен момент побарале повеќе пари поради интересот од Пари Сен-Жермен, нешто што ги налутило луѓето во Челси. „Сините“ биле подготвени на 26-годишниот Иско да му плаќаат 250.000 фунти неделно во трансфер кој би ги чинел речиси 100 милиони фунти, но тоа не било доволно.

Откако го загуби местото во првиот тим оваа сезона под тренерот Сантијаго Солари, кој заедно со претседателот на клубот, Флорентино Перез се согласни дека тој треба да замине. Маурицио Сари се надеваше дека ќе го има партнерството Азар-Иско во средината, но наместо тоа ќе се задоволат со трансферот со Кристијан Пулишиќ од Борусија Дортмунд, кој најверојатно ќе се реализира во текот на летото.

Фото: ЕПА

Scroll to Top