Top Sport

Челси се откажа од новиот стадион, дали Абрамович „крева раце“?

Гигантите од Премиер лигата, Челси изненадувачки соопштија дека планот за изградба на нов стадион е „стопиран“ поради лошата економска клима.

Преговорите за обновување на „Стемфорд бриџ“ вредно 1 милијарда фунти се одржуваат подолго време, и во март, „Сините“ добија добра вест околу спорот со семејството Кроствејт кои имаа забелешки на изградбата.

По ова се веруваше дека веднаш ќе почне изградбата на новиот стадион, а од бордот најавуваа дека новиот стадион би бил комплетиран до почетокот на сезоната 2023/24. Но, Челси сега вели дека проектот е „замрзнат“.

„Фудбалскиот клуб Челси објавува дека новиот проект е замрзнат. Нема почеток на градежните работи и планирањето. Клубот нема поставено временска рамка за нова одлука, а ова беше донесено поради сегашната неповолна инвеститорска клима“, се вели во соопштението на Челси.

Ова е уште една грижа за фановите на Челси, по неизвесноста околу следниот тренер на клубот, но и по одлуката на Роман Абрамович да земе израелско државјанство, откако Велика Британија реши да не му ја продолжи визата. Загрижувачки денови за „Сините“.

Паника во Челси, британската виза на Роман Абрамович не е обновена

Планот на Челси за нов стадион налета на куќичка

Scroll to Top