Маурисио Почетино сака да го донесе Душан Влаховиќ на „Стемфорд Бриџ“, а Јувентус веќе поставиле цена од барем 70 милиони евра за српскиот напаѓач, тврди „Кориере дело спорт“.
23-годишниот Влаховиќ не успеа да ја повтори формата која ја имаше како фудбалер на Фиорентина, „гушејќи“ се во дефанзивниот стил на игра на Масимилијано Алегри со 14 гола во 42 настапи минатата сезона. Јувентус се подготвени да го продадат Влаховиќ не поради формата, туку поради „новиот почеток“ во клубот по казната која ја добија минатата сезона и заминувањето на претседателот Андреа Ањели.
Според весникот, директорите на Јуве, Кристијано Џунтоли и Џовани Мана ќе отпатуваат во Лондон следната недела за да ги продолжат преговорите со Челси, кои може да се фокусираат на купување на играчи, откако продадоа повеќе фудбалери во Саудиска Арабија. Јувентус веќе ја донесоа неговата потенцијална замена, Тимоти Веа, синот на легендарниот Џорџ Веа.