Top Sport

Челси уште лани се согласиле да го продадат Азар на Реал?

Реал Мадрид побарале Челси да го испочитува ветеното и да дозволи Еден Азар да се приклучи на шпанскиот гигант, тврди британскиот „Сан“.

„Кралскиот клуб“ се подготвува за ремонт на својот состав ова лето по враќањето на Зинедин Зидан на клупата, а според „Сан“, првите луѓе на Челси минатото лето по Светското првенство во Русија му ветиле на Азар дека ќе може да замине ако одигра уште една сезона на „Стемфорд бриџ“.

Реал Мадрид од друга страна, биле подготвени да ја зголемат понудата од 80 милиони евра која беше одбиена од клубот во Лондон, но во исто време ги потсетиле дека Белгиецот го исполнил договореното и сега е време за договор.

Азар има уште една година од договорот со Челси, кои пак, веќе го очекуваат пристигнувањето на Кристијан Пулишиќ од Борусија Дортмунд како негова замена. Челси ќе се обиде да стигне до сума од 105 милиони евра за 28-годишниот Азар.

Scroll to Top