Англискиот шампион Челси се надева дека ќе го задржи Еден Азар во Лондон со големо зголемување на платата, тврди „Дејли мејл“.
Белгискиот ас има договор со „Сините“ до 2020 година, но постојано е поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, а тој исто така неодамна призна дека би било остварување на сонот да игра под Зинедин Зидан.
Роман Абрамович и управата на Челси го вреднува Азар 200 милиони евра, и сакаат со нов договор да го обврзат на долгорочен договор со неделна плата од 300.000 фунти неделно плус бонуси.