Top Sport

Челси: Зошто Азар не е во идеалниот тим?

Здружението на професионалните фудбалери го објави идеалниот тим на сезоната, кој предизвика реакции во фудбалската јавност. Шесмина од Манчестер сити и четворица од Ливерпул, плус Пол Погба се најдоа во идеалниот тим.

Меѓу првите на ваквиот избор реагираа од Челси. На луѓето од „Стенфорд Бриџ“ не им е јасно како во идеалниот тим нема место за Еден Азар.

„Нашата ‘десетка’ игра фантастична сезона која е преполна со врвни моменти. Изненадување за нас е што тој не е во идеалниот тим. Не можете а да не ја забележите неговата статистика оваа сезона. Тој ја игра најдобрата сезона во Премиер лигата кога се во прашање постигнатите голови и асистенции, тој ја предводи Премиер лигата во овој параметар“, соопштиле од Челси.

Scroll to Top