Челзи постигна вербален договор со Барселона да ја активира откупната клаузула од пет милиони фунти во договорот на младиот играч на шпанскиот тим, Марк Гиу.
Челзи е подготвен да закаже медицински прегледи во Лондон за 18-годишниот напаѓач, објави Би-Би-Си.
Барселона наводно била подготвена да ја отстрани таа „скромна“ откупна клаузула од договорот нудејќи му на Гиу продолжување.
🚨 Breaking : Marc Guiu rejected two contract proposals from Barcelona to join Chelsea because he was convinced of the #chelsea project.
[ @FabrizioRomano via @BarcaTimes ] pic.twitter.com/NzihGdJwsj
— CFCBlueNews (@CFCBlueNews) June 26, 2024
Сепак, по разговорите со претставниците на шпанскиот фудбалер, блиску до трансфер е Челзи, кој ќе го засили нападот во следната сезона.
Гиу помина низ познатата фудбалска академија на Барселона Ла Масија, а минатата година на дебито за Б тимот постигна гол по само 23 секунди.
Како што пренесува Би-Би-Си, Гиу е типична и брза „деветка“, но со мало искуство, откако постигна само два гола во сениорска конкуренција.