Top Sport

Чешки судија „мртов“ пијан паѓа по теренот (Видео)

Натпреварот помеѓу јуниорите на Бероун и Слани во Чешка го обележал еден од помошниците на главниот судија. Милан Шефар на теренот се појавил „мртов“ пијан.

Шефар паѓал по теренот, губел рамнотежа, а видеото кое некој го снимил и потоа го поставил на социјалните мрежи станало вирален хит.

За случајот биле запознаени и во Фудбалскиот сојуз на Чешка. Пијаниот судија веднаш бил суспендиран.

„Сојузот не може да прифати вакво однесување. Ваквите ексцеси жестокот ќе ги казнуваме“.

Иако Шефар не можел нормално да се движи покрај аут-линијата, а два пати и паднал на теренот, главниот судија Томаш Борозек го оставил да биде на својата позиција до крајот на натпреварот.

Scroll to Top