Top Sport

Чешмеџиев утре ќе ја официјализира соработката со Вележ

Константин Чешмеџиев утре ќе го официјализира својот трансфер од Шкендија во Вележ од Мостар.

„Драго ми е што добив можност да играм за сериозен и добар тим. Се надевам дека во дресот на Вележ ќе постигнувам само успеси. Знам дека Вележ е клуб со голема традиција и со многу навивачи. Тое е стабилен и сериозно организиран клуб со многу млади фудбалери“, рекол Чешмеџиев за порталот „sportsport.ba“.

Македонскиот фудбалер открил дека решил да потпише договор со Вележ иако иако имал понуди од клубови од Грција и Србија како и од еден клуб од Македонија.

Поранешниот член на младата репрезентација на Македонија во кариерата играл во Работнички, Пелистер, Македонија ЃП, Академија пандев и Шкендија.

Scroll to Top