Top Sport

Чесите со Д-тим поведоа против Шкотска!

Чешката Република има водство од 1:0 против Шкотска во меч од Лигата на нации на УЕФА. Овој резултат не би бил воопшто чуден доколку Чесите на овој меч не беа приморани да играат со Д-тим, откако УЕФА ја постави првата репрезентација во „карантин“ поради изложеност на КОВИД-19.

Поради тоа, Чесите играат против Шкотска со тим во кој има само двајца фудбалери кои претходно биле повикувани во репрезентацијата, и кој е составен во мнозинството од фудбалери од домашниот шампионат.

Јакуб Пешек од тимот на Сигма Оломоуц во 11. минута ги замолче гостите кои очекуваа лесна победа во овој дуел.

Scroll to Top