Top Sport

Четири премиерлигаши го сакаат Џеси Лингард

Џеси Лингард е на листата на желби на четири премиерлигаши, но на крајот „ѓаволите“ може да му го продолжат договорот на уште една сезона, тврди „90Мин“.

Според овие извори, 27-годишниот Лингард, кој нема постигнато ниту гол ниту асистенција оваа сезона е на радарот на Лестер, Евертон, Вест хем и Њукасл, на кои очигледно не им пречи неговата слаба форма. Бруно Фернандеш го „избрка“ Лингард од стартните 11, а Оле Гунар Солскјер има повеќе доверба во младите Даниел Џејмси Мејсон Гринвуд.

Тој има договор со клубот од„Олд Трафорд“ до 2021 година, но се очекува Јунајтед како во поголемиот дел од случаите на нивните фудбалери да ја активираат клаузулата за уште една сезона.

Изворите од Јунајтед велат дека продуктот на нивната академија нема да биде „избркан“ од клубот доколку ја прифати својата улога на тимски играч кој би влегувал од клупата, кога тоа е потребно.

Scroll to Top