Top Sport

Четворица бесплатно си одат од ПСЖ

Четворица фудбалери, без обесштетување, по завршувањето на сезоната ќе го напуштат Пари Сен Жермен. Челниците на клубот решиле да не им понудат нови договори на капитенот Тијаго Силва, Единсон Кавани, Тома Муние и Лавин Курзава.

Пари Сен Жермен од заминувањето на овие четворица нема да заработи ниту еден цент. Според медиумите Белгиецот Муние веќе договорил соработка со Борусија Дортмунд.

Нејасна е каква ќе биде иднината на останатите тројца. Кураза во зимскиот преоден рок се поврзуваше со Јувентус но на крајот остана во Париз.

Кавани, најдобриот стрелец во клупската историја, во јануари требаше да се пресели во Атлетико Мадрид. Трансферот не беше реализиран, а сега е прашање дали во Мадрид ќе го донесат Уругваецот по сите драми што се случуваа во јануари.

Барем засега нема шпекулации околу иднината на 35 годишниот Тијаго Силва.

Scroll to Top