Top Sport

Четворица „граѓани“ во конкуренција за Играч на годината

Англиската асоцијација на професинални фудбалери (ПФА), ги објави имињата на кандидатите, кои влегоа во конкуренција за престижната награда, Играч на годината.

Во оваа конкуренција доминираат фудбалерите на Мачестер сити, клуб кој со 12 поени повеќе од Манчестер јунајтед ја освои шампионската титула.

Од Сити се номинирани Илкај Гундоган, Рубен Дијаш, Кевин Де Брујне и Фил Фоден, додека честа на остатокот на лигата ја бранат Хари Кејн од Тотенхем и Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед.

Во конкуренција за најдобар млад играч се најдоа Букајо Сака (Арсенал); Мејсон Маунт (Челси), Деклан Рајс (Вест Хем), Мејсон Гринвуд (Манчестер јунајтед), Фил Фоден (Манчестер сити) и Трент Александер-Арнолд (Ливерпул).

Наградите ќе бидат доделени на 6.јуни.

Минатата сезона лауреати беа Кевин Де Брујне и Трент Александер-Арнолд.

Scroll to Top