Top Sport

Четворица навивачи на Наполи нападнати со ножеви

„Фудбал Италија“, објави дека пред и за време на натпреварот помеѓу Интер и Наполи, се случиле неколку инциденти.

Хулиганите на Интер нападнале четворица навивачи на Наполи кои во обид да се одбранат извадиле ножеви. Најлошо минал еден 43-годишник од Неапол, кој завршил на хирургија. На останатите тројца им била пружена лекарска помош на местото каде што се случила тепачката.

Во друг инцидент настрадал навивач на Интер. Него го удрил автомобил и тој се наоѓа во критична состојба.

Инаку, Интер го победи Наполи со 1:0. Голот го постигна Лаутаро Мартинез во 91.минута.

Scroll to Top