Top Sport

Четворица нема да играат против Естонија

Македонската фудбалска репрезентација в недела ќе продолжи со натпреварите во Лигата на нации. Во Скопје, Македонија ќе ја пречека Естонија. Три дена подоцна, овој циклус македонските фудбалери ќе го заокружат со натпреварот против Ерменија.

Селекторот Игор Ангеловски за дуелот со Естонците нема да може да смета на четворица фудбалер, тој дополнително ќе реши дали ќе повика нови играчи во репрезентацијата.

Против Естонија и Ерменија нема да играат националниот херој Горан Пандев и Аријан Адеми.

Од клубот на Пандев, Џенова, побарале тој да се врати во Италија, додека Адеми е повреден. Капитенот на Динамо Загреб, под инјекции играше во Тбилиси и на теренот се задржа 67 минути.

Дуелот со Естонија поради суспензии ќе го пропуштат голманот Столе Димитиревски и Езџијан Алиоски.

Фото/FFM.mk

Scroll to Top