Барселона не може да му обезбеди буџет на Чави за јануарскиот преоден рок. Новиот тренер сака да го засили со поливалентен играч од нападот, некој кој ќе може да игра како класична деветка и како крило.
Поради финансиската криза Барселона на Чави ќе му стави на располагање само 10 милиони евра.
Најчесто со Барселона се поврзуваат Рахим Стерлинг и Дани Олмо. Со 10 милиони евра, Чави нема да го добие посакуваното засилување.
Барселона по репрезентативната пауза, сезоната ќе ја продолжи со натпреварот против Еспањол.