Фудбалерите на Челси уште еднаш киксираа во Премиер лигата. Во 33.коло, Челси одигра 1:1 со градскиот ривал Вест Хем.
Челси играше подобро од својот противник, но успеа да реализира само една од многуте шанси. Аспиликуета го совлада Џо Харт во 36.минута по асистенцијата на сонародникот Мората.
Играчите на Челси упатија 22 удари кон голот на Харт, на спротивната страна кон голто на Тибо Куртоа противничките фудбалери шутираа само пет пати.
Хавиер Чичарито само 180 секунди по влегувањето во игра ја смести топката зад грбот на белгискиот голман.
Мексиканецот во 70.минута го замени Фернадес, а три минути подоцна го постави конечниот резултат.
Челси по ова реми остана на петтото место до 57 бода, а Арсенал со победата над Саутемптон 3:2 има 54 бода. Лондонските тимови немаат шанси да се доближат до четвртото место на кое се наоѓа Тотенхем.
фото: EPA