МЛС клубот Лос Анџелес галакси потпиша договор со мексиканската ѕвезда Хавиер „Чичарито“ Ернандез од Севилја, објавува „Лос Анџелес тајмс“, со што тој станува најплатениот фудбалер во американскиот фудбал.
Петкратните МЛС куп шампиони, Галакси не одговорија на написите на весникот, но сите показатели велат дека мексиканскиот најдобар стрелец во историјата ќе биде најскапиот фудбалер во лигата, покрај неговиот сонародник и наскоро ривал од Лос Анџелес ФЦ, Карлос Вела.
Ернандез има 52 гола во 105 настапи за Мексико, а пристигна во Севилја од Вест хем во септември. 31-годишниот ветеран не доби шанса и беше стартер само двапати за андалузискиот клуб кога пристигнала понудата од Лос Анџелес, каде што ќе треба да биде замена за Златан Ибрахимовиќ, кој се врати во Милан.