Хавиер Ернандез-Чичарито вели дека славната забава на осумте мексикански фудбалери пред Светското првенство била забава за неговиот 30. роденден, но вели дека никој не треба да се сомнева во интегритетот на тимот, иако вели дека не би го повторил тоа.
Фудбалерите на „Ел три“, се забавуваа вечерта по победата над Шкотска во Мексико сити на 2 јуни, а мексиканските таблоиди објавија дека на неа присуствувале „девојки за придружба“.
„Вистина е дека се работеше за прослава на мојот 30. роденен. Добивме слободна вечер и еден дополнителен ден пред патувањето за Копенхаген и бевме на забава. Тие ја организираа забавата за мене и за фудбалерите. Дојдоа сите освен голманот Хесус Корона, бидејќи имаше лични работи. Немаше никакви девојки за придружба и тоа е навреда за сите кои беа таму. Не, не би го повторил ова, поради реакцијата“, изјави напаѓачот на Вест Хем.
Сепак, непотврдено видео се појави на Интернет кое ги покажува мексиканските фудбалери во забава дефинитивно со одредени женски личности.
Колегата на Ернандез од репрезентацијата, играчот од средниот ред на Порто, Ектор Ерера го напушти тренинг-кампот во средата, наводно поради семејни проблеми предизвикани од приказната на таблоидите.
MEXICO NATIONAL TEAM PARTY ????pic.twitter.com/7Weoet6ooE
— iTzPedroHDi (@iTzPedroHDi10) June 10, 2018
Секс-скандал во мексиканската репрезентација, Сојузот нема да казни никого