Трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус може да биде совршен патоказ и за Лионел Меси да дојде во Италија, вели поранешниот дефанзивец на „бјанконерите“, Чиро Ферара.
Ферара, кој освои пет титули во Серија А и една во Лигата на шампионите со Јувентус, пред да биде и нивни тренер, вели дека фантастичниот трансфер од 100 милиони евра значи дека сега и Меси ќе биде привлечен за можна преселба во Италија.
„Кристијано Роналдо го избра Јувентус и тоа кажува нешто за италијанскиот фудбал. Сега, ќе го чекаме Меси и тоа не е шега. Роналдо е огромен потпис за нас во секој случај. Да, тој веќе не е малд, но внимава на деталите и тренира постојано. Јасно е дека целта на Јувентус е Лигата на шампиони, и со ова влегоа во топ 5 тимовите на светскиот фудбал“, вели Ферара во интервју за „Кориере ди Торино“.
Тој исто така додава дека ситуацијата можела да се „насети“ кога тренерот Зинедин Зидан си замина од клупата на „Лос бланкос“.
„Никој не го очекуваше тоа, но мислам дека за договорот се зборувало подолго време. Тоа што Зидан замина, а Макс Алегри остана во Јувентус, значи дека двајцата знаеле што ќе се случи“, додава Ферара.
Фото: ЕПА