Top Sport

Чистка во ПСЖ – Седум фудбалери ќе го напуштат клубот

ПСЖ во јануарскиот преоден рок ќе го скрати ростерот. „Светците“ на платниот список имаат 33 фудбалери. Седуммина фудбалери ќе бидат продадени за се намали буџетот за плати.

Најзвучно име на листата која ја составиле спортскиот директор Леонардо и тренерот Маурисио Покетино е Мауро Икарди.

ПСЖ за Аргентинецот платија 50 милиони евра. Поради конкуренцијата во нападот и проблемите во приватниот живот за него повеќе нема место во тимот. Јувентус се заинтересирани да го донесат, но на позајмица.

Покрај Икардди на листата е и поранешниот капитен Лавин Курзава. Клубот, во екот на пандемијата го продолжи договорот со Курзава до 2024 година. Вишок е уште еден лев бек, Абду Диало.

Дозвола да го напушти клубот ќе добие и десниот бек Колин Дагба.

На листата се уште и третиот голман Серхио Рико, Рафиња Алкантара и еден од најталентираните играчи од школата на ПСЖ, Ерик Жуниор Дина-Ебимбе.

Scroll to Top