Top Sport

Читателите ја избраа најсилната Франција во историјата

Читателите на „Лекип“ го избраа најсилниот тим на Франција на сите времиња. Французите се светски шампиони од 1998 и 2018 година.

На секоја позиција, во формацијата 4-2-3-1, читателите бирале помеѓу тројца фудбалери. Интересно играч-селектор е Дидие Дешам.

Дешам беше капитен во 1998 година кога Франција ја освои првата светска круна, а како селектор ја предводеше репрезентацијата до втората титула во 2018 година.

На голот е Фабијан Бартез. На бековските позиции се Лилијан Турам десно и Биксенте Лизаразу лево. Во централниот дел на одбраната читателите ги сместија Лоран Блан и Марсел Деаси.

Покрај Дешам во дефанзивниот дел од редот за врска е и Патрик Виера.

Централен играч во редот за врска е Мишел Платини, десно е Килијан Мбапе, а лево Зинедин Зидан. Во врвот на нападот местото е резервирано за Тиери Анри.

Scroll to Top