Top Sport

Чоло Симеоне чувствувал дека против Арсенал ќе игра со играч помалку

Томас Парти, играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, во пресрет на ревашот против Арсенал, раскажал интересена приказна од последниот тренинг пред првиот меч со „топџиите“.

Играчот од Гана рекол дека тренерот Диего Чоло Симеоне, бил сигурен дека Атлетико во првиот меч ќе игра со фудбалер помалку. Поради тоа на последниот тренинг пред првиот меч, Симеоне, подготвувал игра со десет фудбалери.

„Луѓето не знаат дека нашиот тренер има неверојатна способност да предвиди што ќе се случува и тоа го користи. Ние трениравме со десетмина, бидејќи тој беше убеден дека некој ќе биде исклучен. Таа варијанта ја подготвувавме како сигурна“, рекол Томас Парти.

Минатиот четврток на „Емирејтс“ токму тоа и се случи. Хрвтскиот десен бек, Шиме Врсаљко, за наполни десет минути доби два жолти картони. Атлетико 80 минути играше со фудбалер помалку и успеа да остане непоразен. Мечот заврши 1:1.

фото: EPA

„Привилегиран сум што ме тренира Симеоне, иако не сум стандарден во тимот. Она поради што најмногу го ценат Симеоне е што кај него играат најдобрите и тој статус мора да го потврдат на тренинзите. Овде секој тренинг е војна“, рекол репрезентативецот на гана.

Атлетико и Арсенал полу-финалниот реванш ќе го одиграат в четврток на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

Scroll to Top