Top Sport

Чоло Симеоне: Што уште треба да направи Меси за да докаже дека е најдобриот?

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне вели дека нема сомнеж дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер во историјата, и посочува дека не му е јасно што треба да направи уште неговиот аргентински сонародник да го докаже тоа.

Според многумина, Меси останува најдобриот играч во историјата, нешто што го запечати со титулата од Светското првенство минатата година, но многумина уште поставуваат други фудбалери, во прв план Кристијано Роналдо, како GOAT (Greatest of All Time).

„Кој е најдобриот на светот? Меси, веќе стана светски шампион. Што друго треба да направи и да освои за да го признаат тоа? За мене нема сомнеж“, вели Симеоне.

Scroll to Top