Top Sport

Чоло Симеоне: Вината е моја!

Атлетико Мадрид денеска испушти победа на „Местаља“ во Валенсија откако до 92-та минута имаа водство од 3-1.
Хуго Дуро за 4 минути во судиското надополнување донесе реми за „лилјаците“.

Тренерот на „јорганџиите“ Диего Симеоне ја презема одговорноста за ваквиот епилог.

„Што да се каже, можам само да им честитам на моите фудбалери. Одиграа со карактер, ги исполнија сите критериуми по натпреварт со Ливерпул на кој игравме со човек помалку. Водевме 1:3 и на крајот погреши тренерот. Понекогаш носиме правилни одлуки, а некогаш погрешни. Денеска погрешив и вината е мојата. Бевме одлични 85 минути, погрешив со завршните потези. Тимот не победи поради моја вина. Валенсија секогаш е незгодно место, заслужија бод“ рече Чоло Симеоне по мечот.

Scroll to Top