Лионел Меси, доби суспензија од клубот, а навивачите го нарекоа „кучкин син“. Аргентинецот, ден по поразот на домашен терен од Лориен (1:3), тој замина со семејството на промотивна кампања во Саудиска Арабија. Клубот тоа го санкционираше бидејќи не се појави на тренингот.
Извесно е дека Лионел Меси ќе го напушти ПСЖ како слободен играч. Суспензијата е какпката која ја прели часата.
И додека во Франција најчесто го критикуваат, во Шпанија ситуацијата е поинаква. Новинарот Кристобал Сорија вели дека Французите треба да му се заблагодарат на играчот што решил да го облече дресот на ПСЖ.
„Не сакам некој многу да се нервира и да ме разбере погрешно, но ќе бидам јасен. Челниците и навивачите на ПСЖ мора да го почитуваат Лео Меси. Неговиот чорап има повеќе историја и значи повеќе од целиот ПСЖ. Сакаш да го казниш? Правете го она што го мислите, но треба да бидете благодарни до крајот на животот што Меси го носеше вашиот дрес и ги бранеше боите на вашиот клуб“, рече Сорија.
Инаку, поради суепнзијата Месиќе ги пропушти натпреварите против Троа и Ажаксио. Не е исклучено тој до крајот на сезоната да не одигра ниту еден натпревар. Сега се поставува прашањето дали ќе оди во Саудиска Арабија, ќе се врати во Барселона или ќе одбере дестинација која светото не ја очекува.
Una media de Leo Messi tiene más historia y más importancia que todo el PSG junto… pic.twitter.com/dJ096GTGhJ
— Cristóbal Soria (@cristobalsoria) May 2, 2023