Top Sport

Човек со нож му се заканувал на Чиро Имобиле!

Италијанските карабинери потврдија дека напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле добивал закани од човек вооружен со нож додека бил на одмор во Франкавила ал Маре во близината на Киети.

Според „Ил месаџеро“ и „Медиасет“, Имобиле бил со своето семејство и со пријателите на плажата во Франкавила ал Маре, кога им пришол човекот кој имал некоја претходна расправија со еден од пријателите на Имобиле и потоа се обидел да ја нападне групата со нож.

Луѓето кои биле присутни на плажата помогнале и го натерале напаѓачот да побегне, пред полицијата да пристигне на местото на инцидентот.

Карабинерите потоа објавија дека ги разгледале снимките од местото на инцидентот и дека напаѓачот е идентификуван како некој кој веќе е на листата „Даспо“, на која се луѓе кои им е забрането присуство на спортски натпреварувања поради историја на насилство.

Scroll to Top