Top Sport

Човекот кој го одби Јунајтед за да стане „сметководител“

Оливер Гил, поранешниот јуниор на Манчестер јунајтед, е еден од ретките кои одбиле професионален договор со тимот на „Ѓаволите“ и наместо тоа се реши да има поинаква кариера.

Гил е син на поранешниот директор на Јунајтед, Дејвид Гил, и Сер Алекс Фергусон му даде шанса да тренира со првиот тим и беше на клупата на меч од Лигата на шампиони против Волфсбург. Кога дојде време да му се даде професионален договор, Гил го одби тоа.

26-годишниот Гил реши да студира економија, и сега работи во познатата компанија за осигурување „Прајсватерхаус Купер“.

„Тоа беше тешка одлука. Многумина ме прашуваа зошто направив таква грешка, но јас мислев дека сум во право. Имаше моменти кога зажалив, посебно кога работам цела вечер, но сфатив дека животот на фудбалер не е за мене. Не бев толку добар фудбалер за Премиер лигата. Не бев среќен во Јунајтед кога гледав како се забавуваат моите пријатели и не сакав да живеам така. Мислам дека повторно би го избрал истото“, вели Гил.

Scroll to Top