Top Sport

Чуден избор за маскота, Бојлер мен (Видео)

Навивачите на Вест Бромвич Албион останале без зборови кога на натпреварот против Болтон (2:1), на стартот на сезоната во Чемпионшип дивизијата ја виделе новата клупска маскота, Бојлер мен.

Човек облечен како бојлер ја забавувал публиката на стадионот, а дури му ракоплескале и гостинските навивачи.

Навивачите на Вест Бромвич Албион останале шокирани, поради што на социјалните мрежи со грди зборови им порачале на челниците што мислат за овој потег.

Челниците на ВБА потпишале договор со фабрика за производство на бојлери и дел од договорот е вакви маскоти да бидат присутни на натпреварите што тимот ќе ги игра на домашен терен.

Scroll to Top