Top Sport

Чудна најава на Емери: За Арсенал, засега, главната цел не е титула!

Арсенал во 2018/19 ќе има нов почеток, со Унаи Емери на чело на клубот по 22 години водство на Арсен Венгер и шпанскиот тренер ги објави своите планови за тоа како да се крене тимот, но во главните цели оваа сезона не е освојувањето на титулата од Премиер лигата.

„Кога ќе размислуваме за напад, сакам тоа да почне од голманот, бидејќи тој е првиот фудбалер. Исто така кога размислуваме за одбраната, напаѓачите сакам да мислат: ’Мораме да го заштитиме голманот’. Да се биде успешен значи да се подобруваш, да раснеш, да градиш тим со личност и пото да сакаш да победиш. Сакам да го направиме Арсенал тим со карактер. Еден тим со страст, квалитет и организација за да може да се победува во иднина“, изјави Емери.

Иако тој би сакал да ја освои титулата во супер-конкурентната Премиер лига, тоа не е главна цел.

„Јасно е дека целта на овој клуб е да се биде шампион, да се игра за титули. Но, за мене, поважно е да уживаме во фудбалот“, додава Емери.

Фото: ЕПА

Scroll to Top