Викендов секако, покрај другите спортски натпреварувања, еден од најспектакуларните моменти го приреди Ерик-Маким Чупо-Мотинг со неговото несфатливо промашување на дуелот помеѓу Пари Сен-Жермен и Стразбур.
Но, „архиварите“ на фудбалските куриозитети веднаш пронајдоа дека тој не е првиот кој направил такво промашување на векот.
Илија Сивоњиќ, поранешниот фудбалер на Динамо Загреб, кој сега игра во хрватската втора лига за Хрватски драговољац, го направи идентичното промашување во дуелот на Динамо со Цибалија во 2009 година. Сличноста е неверојатна.