Top Sport

Чурлинов го скршил носот, утре ќе биде опериран

Играчот на Штугарт и македонската репрезентација, Дарко Чурлинов, утре ќе биде опериран. Чурлинов го скршил носот во текот на вчерашниот тренинг.

Штутгарт, откако ќе биде извршена операцијата, ќе објави колкава пауза го очекува Чурлинов.

Македонецот од почетокот на сезоната за „швабите“ одиграл седум натпревари.

По 20 одиграни натпревари во Бундес лигата, Штугарт се ноаѓа на 10.место со освоени 25 бода.

Scroll to Top