Top Sport

ЦИЕС: Јунајтед и Сити најмногу би заработиле од продажбата на фудбалери

Меѓународниот центар за спортска историја и статистика (ЦИЕС) ја објави вредноста на клубовите од петта најсилни национални првенства во Европа. Првите три места се резервирани за клубови од Премиер лигата.

Доколку клубовите би решиле да ги продадат сите играчи, најмногу би заработиле клубовите од Манчестер, Јунајтед (1,28 милијарди евра), а Сити (1,21 милијарди евра). Според ЦИЕС, само овие два клува имаат играчи чија вредност е поголема од една милијарда евра.

Трет на листата е Челси, со проценета вредност на фудбалери од 946 милиони евра. Следуваат Барселона (896) и Баерн Минхен (890).

Во Топ 10 се и Ливерпул (868), Реал Мадрид (846), ПСЖ (808), Борусија Дортмунд (687) и Атлетико Мадрид (662).

Scroll to Top