Институтот за спортски студии (ЦИЕС) на својата најнова листа ги рангираше фудбалерите според нивната вредност која се одредува врз основа на 10 параметри.
Во тие параметри се: годините, формата, договорите, позицијата на теренот, квалитетот на настапите, меѓународен статус.
Листата нема да му се допадне на Кристијано Роналдо, кого според овие параметри ЦИЕС го стави на 49. место, односно според Институтот неговата цена изнесува 80,4 милиони евра.
Очекувано на врвот е Нејмар, тој е проценет на 213 милиони евра, што е за девет милиони евра помалку од цената која летово за Бразилецот ја плати ПСЖ.
Втор на листата е Лионел Меси, кој „вреди“ 202 милиони, а трет е Хари Кејн, кој е проценет на 194.700.000.
Во Топ 10 се најдоа и: Килијан Мбапе (192.500.000), Пауло Дибала (174.600.000), Деле Али (171.300.000), Кевин Де Бријне (167.800.000), Ромелу Лукаку (164.800.000), Антоан Гризман (150.200.000) и Пол Погба (147.500.000).
http://www.football-observatory.com/