Top Sport

Црна Гора без Јоветиќ против „лалињата“ – драма во групата Г во квалификациите

Драмата во групата Г од квалификациите за Мундијалот во Катар 2022 продолжува. Холандија има два бода повеќе од Норвешка и 4 од Турција. „Лалињата“ вечера во Подгорица мораат да победат, а потоа ќе им треба бод во Ротердам против Норвешка за да останат на првата позиција.

Стеван Јоветиќ нема да биде во составот на Црногорците против Холандија и Турција во последните квалификациски мечеви. Тој е позитивен на Ковид 19.

„Јоветиќ е асимтоматски случај, во изолација е, се опоравува“ вели портпаролот на ФС на Црна Гора.

Скандинавците би можеле да останат и без второто место во групата – им се заканува Турција.

Доколку Халанд и другарите ја победат Летонија, а заработат пораз од Холандија, тогаш Турција со две победи (против Гибралтар дома и со Црна Гора во Подгорица) можат да стигнат до Мундијалот.

Scroll to Top