Top Sport

Црногорците им го „крадат“ и Тедиќ на Србите

Откако црногорската фудбалска репрезентација успеа да го убеди напаѓачот на Спортинг Хихон, Урош Ѓурѓевиќ да настапува за нив наместо за Србија, црногорските медиуми тврдат дека тоа ќе го направи и младиот фудбалер на Манчестер сити, Слободан Тедиќ.

20-годишниот Тедиќ, кој е роден во Подгорица, играше за младинските репрезентации на Србија и почна со тимот на Чукарички, пред во 2019 да потпише договор со Манчестер сити за трансфер во 2020. Минатиот септември, Сити го пратија на позајмица во холандскиот ПЕЦ Цволе.

За разлика од Ѓурѓевиќ, Србија може уште да смета на младиот напаѓач, кој уште не добил повик за сениорската репрезентација на „орлите“.

Scroll to Top