Top Sport

Црвена ѕвезда го откупи договорот на Дегенек

Челниците на фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда решиле да го откупат договорот на Милош Дегенек, објави клубот на официјалната интернет страница. Ова значи дека Дегенек повеќе нема да го носи дресот на Црвена ѕвезда како позајмен играч од Ал Хилал.

Милош Дегенек минатата зима се пресели во Ал Хилал, меѓутоа летово се врати во Белград. Црвена ѕвезда, според договорот со Ал Хилал, имаше можност во февруари наредната година да го откупи неговиот договор за 1,5 милиони долари, меѓутоа од клубот решиле веднаш да реагираат.

„Пресреќен сум што го решивме ова, што сум сега играч на Црвена ѕвезда. Видовте колкава желба имав да се вратам овде, не можете да замислите како се чувствувам. Не очекува возбудлива европска есен“, рекол репрезентативецот на Австралија.

Црвена ѕвезда есенва ја очекува настап во Лигата на шампионите. Српскиот првак се наоѓа во група со Баерн, Тотенхем и Олимпијакос.

Scroll to Top