Top Sport

Црвена ѕвезда го плаќа чартерот и лекувањето на Славицкас

Четири дена по победата на Црвена ѕвезда над Судува и пласманот на црвено-белите во втората квалификациска рунда во Лигата на шампионите, главна тема Марко Гобељиќ и грубиот прекршок што го направи врз Ваидас Славицкас.

Литванецот заврши со фрактура на потколеницата и пред два дена беше успешно опериран во Белград. Од друга страна на Гобељиќ, поради стартот за „в затвор“ му се заканува суспензија од четири натпревари.

Пред 33 годишниот Славицкас е долг период на рехабилитација и за него оваа сезона е веќе завршена.

Инаку, Црвена ѕвезда ќе го плати чартерот (12.000 евра) со кој Славицкас ќе се врати во Литванија и ќе ги покрие трошоците од лекувањето.

Во вторникот клупските челници го посетиле Славицкас, со нив бил и Гобељиќ кој му се извинил на искусниот фудбалер.

Scroll to Top