Top Sport

Црвена ѕвезда победи во 96 минута, Партизан поразен во 97 минута (Видео)

Трилер завршници донесоа натпреварите во кои играа фудбалерите на Црвена ѕвезда и Партизан. Црвена ѕвезда во 96 минута дојде до победата во Крушевац против Напредак, додека Партизан во 97 минута забележа пораз од Вождовац.

Црвена ѕвезда доминираше против Напредак, Бен во 77 минута не успеа да реализира пенал, а победата им ја обезбеди Марин во 97 минута. Поранешниот репрезентативец на Германија со многу чувство погоди од слободен удар.

Паризан поради катастрофалните грешки на одбранбените фудбалери доживеа разочарувачки пораз од Вождовац.

Голот за победа на Вождовац го постигна Девиќ во 96 минута.

Црвена ѕвезда се лидери со 27 бода, четири повеќе од петто пласираниот Партизан.

Scroll to Top