Дисциплинската комисија на УЕФА ги истражува пропустите во организацијата на натпреварот помеѓу Црвена ѕвезда и Јанг Бојс. Белградскиот тим се соочува со неколку обвинувања.
Станува збор за користење пиротехнички средства, недолично однесување на публиката и фудбалерите, фрлање тврди предмети на теренот и блокирање на скалите на трибините.
УЕФА одлуката околу казната ќе ја донесе на 19 септември.
Ден претходно Црвена ѕвезда ќе гостува во Минхен во рамките на првото коло. Првиот меч на домашен терен Црвена ѕвезда ќе го одигра на 1 октомври против Олимпијакос, а можно е дуелот да биде одигран пред празни трибини.