Фудбалскиот клуб Црвена звезда јавно го осуди однесувањето на поедници, кои не синоќешниот натпревар против Милан, кои на национална и врска основа, го навредија Златан Ибрахимовиќ.
Црвена звезда и Милан, одигра возбудлив натпревар, во Лига Европа, кој заврши без победник 2:2. Ибрахимовиќ, од тактички причини, не влезе во игра. Тренерот Стефано Пиоли, го чуваша својот главен адут за неделното дерби до Интер, во Серија А.
Во текот на натпреварот некој во ВИП ложата на српскиот клуб, кој го нарече „смрдлив балија“, погрдно име за Бошњаците. Иако е роден во Шведска, Ибрахимовиќ има балканско потекло – мајка му е Хрватка, а татко му Бошњак.
Црвена звезда, им се извини на гостите од Милано и посебно на Ибрахимовиќ. Во соопштението, клубот најави дека во соработка со надлежните органи ќе откријат кој во навредувал фудбалерот на Милан и дека тоа лице(а), ќе биде казнет за однесувањето.