Top Sport

Црвена звезда по 25 години ќе „презими“ во Европа (видео)

На преполната „Маракана“, фановите на Црвена звезда се потсетија на славните европски денови на белградскиот клуб, откако со 1:0 го совладаа бундеслигашот Келн и обезбедија пласман во нокаут-фазата на Лигата на Европа, првпат по 25 години.

Човек на одлука беше Славољуб Срниќ, кој во 22. минута доби одлична топка од Родиќ за „делириум“ во Белград. По водечкиот гол, играта се префрли во средината на теренот, и домаќините успешно го „отапеа“ нападот на германскиот тим. Ричмонд Боакје во 91. минута имаше голема шанса да го зголеми водството, меѓутоа не го погоди голот.

Во вториот меч од групата Х, Арсенал на „Емирати“ го „потопи“ БАТЕ Борисов со 6:0, иако белорускиот тим можеше со победа во Лондон и со реми меѓу Келн и Звезда да стигне до нокаут-фазата.

ГРУПА Г

ФЦСБ – Лугано 1:2

Хапоел Бер Шева – Викторија Плзен 0:2

Конечна табела: 1.Викторија 12, 2.ФЦСБ 10, 3.Лугано 9, 4.Хапоел Б.Ш. 4

ГРУПА Х

Арсенал – БАТЕ Борисов 6:0

Црвена звезда – Келн 1:0

Конечна табела: 1.Арсенал 13, 2.Црвена звезда 9, 3.Келн 6, 4.БАТЕ 5

ГРУПА И

Марсеј – Салцбург 0:0

Виторија де Гимараеш – Коњаспор 0:1

Конечна табела: 1.Салцбург 12, 2.Марсеј 8, 3.Коњаспор 6, 4.Виторија 5

ГРУПА Ј

Херта Берлин – Естерсундс 1:1

Зорја – Атлетик Билбао 0:2

Конечна табела: 1.Атлетик Б. 11, 2.Естерсундс 11, 3.Зорја 6, 4.Херта 5

ГРУПА К

Витесе – Ница 1:0

Зулте Варегем – Лацио 3:2

Конечна табела: 1.Лацио 13, 2.Ница 9, 3.Зулте-Варегем 7, 4.Витесе 5

ГРУПА Л

Вардар – Розенборг 1:1

Реал Сосиедад – Зенит Санкт Петербург 1:2

Конечна табела: 1.Зенит 16, 2.Реал Сосиедад 12, 3.Розенборг 5, 4.Вардар 1

Scroll to Top