Манчестер Јунајтед најде напаѓач во Португалија со ког планира да се засили во летниот преоден рок. Станува збор за Карлос Винисиус 25 годишен фудбалер на Бенфика.
Винусиус има да одработи уште четири години од договорот со Бенфика. Јунајтед биле подготвени да платата 35 милиони фунти.
Проблем е што неговата откупна клаузула е речиси три пати поголема. Бенфика за напаѓачот бара 88 милиони фунти.
До моментот кога сезоната беше прекината Винисиус на 33 натпревари постигнал 20 голови за Бенфика. Карлос Винисиус минатото лето во Бенфика пристигна од Наполи, претходно играше во Монако.