Top Sport

ЦСКА Софија не го сакале Салах за 200.000 евра!?

Египќанецот Мохамед Салах сезонава е „главна фаца“ во фудбалскиот свет. Тој е најдобар стрелец во Премиер лигата, со Ливерпул ќе се бор за титулата во Лигата нашампионите, а Египет по пауза од 28 години го однесе на светско првество.

Со она што го прикажува на теренот го зголеми интересот на медиумите, па така деновиве се појави инфоркација дека пред шест години тој можел да заврши во нашето соседство, поточно во ЦСКА Софија.

Салах, тогаш играч на Араб Констракторс, му бил понуден на софискиот клуб за сума од 200.000 евра, меѓутоа ЦСКА не го реализирале трансферот бидејќи Египќанцот немал пасош на некоја земја членка на Европската унија.

Салаха потоа заврши во Базел, потоа играше во Челси, Фиорентина и Рома, откаде минатото лето за сума од 40 милиони евра се пресели во ливерпул.

Според непотврдени информации, актуелниот европски првак Реал, бил подготвен за неговите услуги да плати 200 милиони евра.

Scroll to Top