Top Sport

Цвета бизнисот на Подолски – со донер и сладолед!

Германскиот фудбалер по потекло од Полска, Лукас Подолски кој беше светски шампион со „панцирите“ во 2014 година, паралелно со фудбалот, од 2015 година има и приватен бизнис.

Многумина сметаат дека по фудбалските кариери топ фудбалерите немаат потреба од тоа дополнително да работат, но сепак има и поразлични случаи. Еден од нив е токму голгетерот Подолски, кој во моментов настапува за турска Анталијаспор. Претходно во кариерата тресеше противнички мрежи во дресовите на Келн, Баерн Минхен, Арсенал, Интер, Галатасарај и Висел Кобе (Јапонија).

Пред 6 години започна бизнис со донер.

„Се започна кога играв во Галатасарај. Имам сосед Турчин во Келн и се здружив со него. Почнавме прво со достава, а сега имаме 11 продавници во и околу Келн. Имаме и две слаткарници во Келн, а пред се сум задоволен со донерот и сладоледот. Иако играм фудбал, секој ден сум вклучен во работата“ вели Подолски.

Scroll to Top