Top Sport

„Да не беше мафијата мојот Кристијано ќе добиеше повеќе Златни топки“

Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Вирџил ван Дајк се во конкуренција за Златната топка што ја доделува „Франс Фудбал“.

Најголем фаворит е Холанѓанецот од Ливерпул, а евентуално сметките може да му ги помати Меси кој индивидуално имеше одлична сезона.

Прогнозите се дека Роналдо нема никакви шанси и дека ќе остане на пет освоени Златни топки. Мајката на Португалецот смета дека во минатото на нејзиниот син неправедно му биле одземани наградите.

„Доколку не постоеше фудбалската мафија мојот Кристијано ќе освоеше уште неколку Златни топки. Да беше Шпанец или Англичанец ќе беше фаворизиран, но тој е Португалец од малата Мадеира“, рекла Долорес Авеиро.

Мајката на Роналдо не објаснила дали оваа теза важи и за Меси бидејќи и тој не е ниту Шпанец ниту Англичанец.

„Франс Фудбал“ Златната топка ќе ја додели на свечена церемонија во Париз на 2 декември.

Scroll to Top