Top Sport

„Да не се распаднеше СФРЈ ќе се бореше за светски и европски трофеи, Хрватска во 1998 беше зрела за златниот медал“

Роберт Просинечки во интервју за „АС“ зборувал за делот од кариерата во Шпанија каде минал шест сезони настапувајќи за Реал Мадрид, Овиедо, Барселона и Севилја. Денес Просинечки е тренер на Кајзериспор.

Просинечки со младинската репрезентација на Југославија во 1987 година во Чиле стана светски првак, а четири години подоцна го освои Купот на шампионите со Црвена звезда.

„Тој тим на Црвена звезда тренираше и се усовршуваше четири години. Таа југословенска лига беше многу силна, немаше странци, а во странство фудбалер можеше да замине по 25 година од животот. Тоа сигурно беше најдобрата генерација во поранешна Југославија. Го достигнавме највисокото ниво, не само пораи тоа што ја освоивме европската титула туки и поради тоа што некои играчи имаа успеси во големи европски клубови“, рекол Просинечки.

Шпанците ги интересирало што ќе се случеше со решрезентацијата на Југославија доколку не се случеше војната.

„Тешко е да се каже, но доколку не се распаднеше Југославија сигурно ќе се бореше за европски и светски титули“.

По распадот на Југославија Просинечки направи трансфер во најславниот светски клуб, Реал Мадрид.

„Можеби тоа притисок, но јас веќе играв за одличен клуб каков што е Црвена звезда. Секогаш игравме пред полна „Маракана“ во Купот на шампионите и моќната југословенска лига. Мадрид е поинаква приказна. Почетоците беа добри, потоа дојдоа повредите, а со нив и притисокот дека сум „човек од стакло“. Тоа влијаеше врз мене. Бев млад. Мислам дека се би било поинаку доколку би можел да го повторам тој период“, рекол Просинечки додавајќи дека не жали што потпишал за Реал.

„Не жалам за ништо во кариерата. Секогаш можам да се пофалам дека играв за три врвни клуба Црвена звезда, Реал и Барселона“.

„Вели Жути“ како што го нарекуваат во Хрватска се присетил и на дебито на Хрватска на Светското првенство во 1998 година. Хрватите во Франција го освоија третото место.

Мислам дека таа генерација хрватски фудбалери беше зрела за златен медал. Бевме трети во Франција, тоа е голем успех, но можевме да бидеме шампиони“.

Scroll to Top