Англискиот селектор Герет Саутгејт не би ја загубил работата дури и Англија да потфрли на Светското првенство во Русија следната година, вели извршниот директор на Фудбалската асоцијација (ФА), Мартин Глен.
ФА гледа на Мундијалот како „дел од развојниот процес“ на младиот состав и иако тоа не значи дозвола да се потфрли, Саутгејт ја има целосната доверба. 47-годишниот Саутгејт има четиригодишен договор во кој главната задача му е да го подмлади составот со посебно внимание на англиските репрезентации до 17 и 20 години.
„Секако, Герет е тука да го гради тимот. Светското првенство е важен дел од развојот на тимот. Одиме со желба на победа, но и со реални очекувања. Знам дека тој не оди со мали амбиции на Светското првенство, но имаме подолгорочен план кој требада се реализира во 2020 и 2022 година“, вели Глен.